Политика на приватност



Што се лични податоци?

 

При регистрирањето кај нас и давањето на Вашите лични податоци, Вие јасно давате согласност Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС да ги обработат и користат Вашите лични информации за цели, и на начин, образложени на оваа страна, а во согласност со нашите Правила и Услови.

Личен податок е било која информација во врска со Вас, која Ве идентификува Вас, или според која Вашиот идентитет може разумно да се утврди.

 

 

Како личните податоци се прибираат и се користат?

 

Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС прибира само лични податоци кои се неопходни за нашите функции или активности. Видот на личните податоци кои се прибираат од Вас вклучуваат име и презиме, адреса, дата на раѓање, личен код, род, мобилен телефон, електронска пошта, детали за трансакции на игра на среќа и/или други информации неопходни за работа.

Лични податоци може да се поднесат на нашата веб страна. Ќе биде побарано од Вас да ги доставите Вашите лични податоци во оваа област заради регистрација на Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС и отварање сметка кај нас.

Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС ќе ги обработи Вашите лични податоци за да ја управува Вашата сметка, за да ги оддржува нашите сметки и евиденции, да го надгледува нивото на користење на нашата веб страна и квалитетот на услугата која ние ја обезбедуваме и одвреме навреме да Ве информираме за производи и услуги кои мислиме дака Вас можеби Ве интересираат. Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС, исто така може да ги задржи овие информации и може да ги анализира, ако е побарано тоа, во случај на истражување на некоја актуелна или осомничена криминална активност, или, за некој настан оформен на нашата веб страна, за некоја закана по интегритетот на тој настан и/или прекршок на правилата на тој настан, поставени од соодветните управни тела.

 

 

Употреба на колачиња

 

“Колачето” се употребува за да се идентификува посакуваниот јазик на корисникот на сметката, така што тој јазик автоматски ќе се селектира кога корисникот ќе се навраќа на Синоттип (Synottip).

Нашиот веб сервер ќе ги евидентира страните кои ги посетувате на нашата веб страна.

 

 

Заштита на деца

 

Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС не дозволува деца под возраст на полнолетство (малолетни) да учествуваат во натпревари или да отвараат или користат сметки со вистински пари. Во случај на регистрација, ако подоцна добиеме известување дека некој член доставил неточна дата на раѓање и е со возраст под дозволената, возраст на полнолетство, ние веднаш ќе ја затвориме таа сметка и ќе ги избришеме доставените лични информации.

 

 

Обелоденување/откривање на информации

 

Каде што е можно, ние ќе ви дадеме можност да го одбиете барањето за доставување лични податоци, но во некои случаи, користењето на нашата веб страна може да се ограничи/забрани, ако не ги доставите потребните информации.

Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС, исто така, може да ги сподели Вашите информации во одредени околности. Понекогаш од нас се бара или пак сме овластени со закон да ги споделиме Вашите лични податоци. На пример, Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС обелоденува лични податоци кога е наредено да се направи така од страна на владини авторитети и/или при одлука во согласност со Македонскиот закон. Покрај тоа, Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС го резервира/задржува правото да ги обелодени личните податоци на релевантни приматели/корисници кога Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС се сомнева дека постојат неправилности во кои е вклучена Синоттип (Synottip) односно ДУИС-ТХЕ-СЛОТС сметка.

Ние, исто така, може да ги споделиме Вашите лични податоци таму каде за тоа имате дадено согласност. Ако сте се регистрирале преку агент или филијала/подружник Вие исто така сте одобриле дека личните податоци може да се споделат со партнерот/подружникот. Вашата согласност за споделување на Вашите лични податоци може да биде дадена експлицитно во писмена форма или усна, или може индиректно да се подразбира од Вашето однесување, како на пример кога јавно во медиумите дискутирате за детали од односот што го имате со нас.

 

 

Ажурирање на принципите за приватност

 

Синоттип (Synottip) и ДУИС ТХЕ-СЛОТС го задржува правото да го промени ова соопштение за приватност во било кое време. Промените ќе се применуваат веднаш по објавата.

 

 

СЕУШТЕ НЕ СТЕ ЧЛЕН?

Има многу причини зошто да се приклучите на СинотТип денес.
Ние сме овластени, доверливи и безбедни.
Нашите регистрирани играчи добиваат многу придобивки.
Бесконечна забава и возбудлива акција.

Корисничка поддршка

Нашиот персонал е спремен да Ви помогне.
support@synottip.mk